Што да облечете денес?
•
3 јуни 2015
Нашиот денешен предлог е една минималистичка комбинација, но мошне ефектна. Се' што ви е потребно е фустан без ракави со прав крој, и во случајов во тиркизна боја и сандали на платформа. Овој избор на обувки истовремено ќе ви даде и елегантен, но и практичен изглед доколку работата ви бара повеќе движење.
Изгледот можете да го комплетирате со накит - обетки, алки или ѓердан, а притоа и тука да си играте со боите. Не претерувајте со модните додатоци доколку оваа комбинација ја преферирате за работното место, одлучете се само за едно нешто. Во случајов тоа е ѓердан во портокалова боја, но предвид може да дојде било која друга што ви се допаѓа.
Имајте убав ден!