Парчиња за секоја жена во првата колекција на Мелиса Мекарти

31 јули 2015

По неколку месеци чекање, конечно можеме да ги видиме првите резултати од одличната колекција на актерката Мелиса Мекарти. 

Ова е всушност нејзината прва колекција во која се сместени бројни парчиња за жени со различни величини. 

„Во колекцијата се содржат парчиња што и се потребни на секоја жена – од фустани, па сѐ до фармерки, и што е најважно, ниту едно парче не е поскапо од 150 долари. Она што е забавно во целата колекција е тоа што имате целосна слобода да си ги комбинирате парчињата и можете да ги носите каде и да посакате“, изјави актерката за Вог. 

Дел од нејзината прва колекција се и различни модели на фармерки за кои таа ќе каже дека денеска ги обожава! 

„Секогаш бев против фармерките. Едно време бев во некоја винтиџ фаза и цели 15 години немав облечено фармерки. Сега, мислам дека тие се одличен избор за секоја жена“, вели актерката. 

На први септември ќе биде лансирана целосната колекција во одредени продавници низ Америка, а до тогаш, погледнете ги првите парчиња.

Објавено:
31 јули 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.152 пати