Облека со која ќе ја прикриете потта

6 август 2015

Ако немате проблем со потењето на овие високи температури, тогаш сте нереални. Колку да и внимавате на негата и хигиената, високите температури ќе направат да се чувствувате непријатно.

Веројатно секој од вас макар еднаш се запрашал што да облече на ова жешко време, а да не се забележат трагови од пот.

Токму затоа, ние ви предлагаме пет типа на парчиња што можат да го „камуфлираат“ овој проблем, а воедно ќе направат и да изгледате добро. Внимавајте и на изборот на боја.

Фустани и маици на прерамки

Ова веќе и го знаевте. Не само што се лесни за носење, туку навистина и практични. Уште ако одберете некој со дезен, сосема ќе го решите проблемот со непријатните траги од пот.

Парчиња без ракви

Ако треба да се појавите некаде каде што премногу откриените раменици не се добар избор, парчињата без ракави се идеална замена. Ќе изгледате поприбрано, а сепак ќе ги избегнете ракавите што ќе направат да ви биде уште потопло.

Кимоно ракави

Идеални за дрес код на работното место. Рамениците ви се покриени, а со оглед на тоа дека се шират во долниот дел, ја оставаат раката „да дише“.

Откриени раменици

Уште една силуета која нема да ви пречи и ќе ви даде слобода во движењето.

Парчиња во форма на пелерина

Предностите на овие парчиња се исти како и кај оние со кимоно ракавите. Лесни се и широки, што ги прави идеални за летните месеци. 

Објавено:
6 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.798 пати