Доколку денеска сте обожавателка на високите потпетици, голема е веројатноста дека треба да ѝ се заблагодарите на Кетрин де Медичи за која се смета дека прва ги измислила овие пријателки на жените.

Таа била висока некаде околу метар и половина, мажена била за францускиот крал и очајно сакала да ѝ се допадне на цела Франција.

Токму Кетрин, прва нарачала да ѝ се изработат чевли со потпетица од пет сантиметри, а подоцна токму нејзините потпетици доживеале огромен успех и истите биле привилегија да се купат.

 

Некоја година подоцна, потпетиците биле забранети, а модната куќа Диор во 1954 – тата година ги претстави своите стилето салонки на висока потпетица. Оттогаш, токму салонките станаа омилени чевли на многу дами ширум светот, а истите никогаш и не излегоа од мода.

Секој дизајнер и модна куќа во светот произведуваат над илјада нови верзии и боја на салонки секоја година.

Ние денеска ви ги презентираме потесен избор од вкупно 40, за да се инспирирате за нов шопинг!

Објавено:
10 август 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.598 пати