Кејт Хадсон ги има најубавите Џими Чу чевли сезонава

9 септември 2015

Прекрасната актерка Кејт Хадсон беше изборот на дизајнерот Џими Чу за третото издание на неговите „Стилски дневници“.

Актерката преку одлична фотосесија ги рекламира нејзините омилени чевли од колекцијата есен 2015.

Покрај фотосесијата, таа говори и за прекрасните моменти поминати со нејзината мајка Голди Хоун со која обожавала да оди на сетови и по дизајнерски студија каде уживала да ги разгледува материјалите.

Во интервјуто таа говори и за нејзините модни икони меѓу кои и Кејт Мос и Шер, а открива и дека медитацијата ѝ ги донела најубавите и најголеми промени во животот.

Фотосесијата е направена во Лондон, а дел од истата се прекрасни винтиџ фотографии на кои можеме да ја видиме Кејт во нежно и романтично издание.

Објавено:
9 септември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.130 пати