Објавени првите фотографии од колекцијата на Kарин Ројтфелд за Uniqlo
•
14 септември 2015
Денеска конечно се објавени првите фотографии од долгонајавуваната колекција на француската модна хероина Карин Ројтфелд за јапонскиот бренд Uniqlo.
Капсулната колекција содржи 40 уникатни парчиња, кои според објавените фотографии може да констатираме дека се рефлексија на нејзиниот личен стил.
Според замислата на модната дива, дамите оваа зима ќе носат слоевити комбинации што ќе бидат микс помеѓу класични и похрабри парчиња како палта со леопардов принт, кошули врзани под гради и здолништа порабени со тантела.
Колекцијата ќе биде пуштена во продажба во октомври.