Берт Рејнолдс: Ќе ја најдете вистинската жена и ќе направите сѐ за да ја изгубите!

16 ноември 2015

Тој е еден од најатрактивните холивудски актери кој назад во 70 – тите години важеше за секс симбол меѓу жените.

Актерот позира гол за магазинот Cosmopolitan во 1972

Во своите мемоари, Берт Рејлнолдс неодамна за прв пат проговори за неговиот љубовен живот и бракот со актерката Лони Андерсон за кој ќе каже дека посакувал воопшто да не се случи.

„Вистината е дека, никогаш не ми се допаѓаше. Ќе излезевме заедно и само бевме прекрасни, само изгледавме така...Мислам дека таа носеше премногу шминка. Си велев дека таа не е вистинската личност за мене, што правам со неа? Не се сеќавам дека некогаш ја прашав дали сака да се ожени со мене, но таа постојано ме притискаше...И велев дека ќе почекаме некое време додека ја завршам капелата што ја градев на мојот ранч, за тоа ми требаа четири години. А потоа, веќе немав оправдувања“, вели Рејнолдс во неговите мемоари.

Во едно интервју за Венити Фер тој ќе каже дека никогаш не ја преболел неговата најголема љубов, актерката Сали Филдс.

„Ужасно ми недостасува. Дури и денеска, по толку години, многу ми е тешко. Не знам зашто бев толку глупав. Но, мажите се такви. Ќе ја пронајдат вистинската жена и ќе направат сѐ што треба за да ја „зафркнат“ работата.

Актерот повторно се навраќа на неговиот брак со Лони Андерсон за кој ќе каже дека и денеска не може да престане да жали.

„Требаше да знам дека не треба да се оженам со актерка. Таа трошеше многу пари...Секое парче го купуваше во три верзии. Се сеќавам, еднаш и ја дадов мојата картичка со 45.000 долари лимит. За половина час ми јавија од банката дека таа потрошила сѐ“, пишува Рејнолдс во меморарите.

По пет години, Лони и Бурт го објавија она за што медиумите долго време шпекулираа – нивниот развод.

„Медиумите полудеа. Се сеќавам, дури и принцезата Дајана ми испрати порака со благодарност за тоа што магазинот People не ја побарал за насловна“, вели актерот.

Сосема на крај од неговото искрено писмо, тој ќе каже дека неговата најголема љубов во животот била и ќе биде Филдс и дека му е многу драго што луѓето можеле да бидат сведоци на нивната љубов во „Smokey and the Bandit“.

 

Објавено:
16 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.406 пати