Ако досега таа беше резервирана само за посебни пригоди на кои сакавте да блеснете со сиот ваш сјај, сега тантелата е повеќе од посакувана и во дневните комбинации. 

Секако, тоа не значи дека истиот вечерен фустан од тантела го носиме и преку ден, туку одбираме некоја посуптилна, нежна варијанта на фустанче, здолниште до колената или пак романтична блузичка.

 

Она што е супер кај тантелата во дневни комбинации е тоа што за шик изглед можете да ја комбинирате со рок кожена јакничка или пак тексас јакна за да создадете контраст. 

Тантелата е нешто со што нема да погрешите оваа сезона!

Објавено:
23 јануари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.337 пати