Џастин Бибер и Кендал во новата кампања на Calvin Klein

27 јануари 2016

И покрај бурните реакции за претходната пролетна кампања на брендот Calvin Klein кога заштитно лице беше Џастин Бибер, тимот на оваа модна куќа одлучи повторно да го ангажира пејачот.

За најновата кампања за пролет 2016, друштво ќе му прави Кендал Џенер. Покрај двајцата носители, во рамки на кампањата ќе се појават и некои од најпопуларните модели, музичари и уметници. Кендрик Ламар, FKA Twigs, Фети Ват, Клара Кристина, Абеј Ли се само дел од нив.

На Истаграм профилите на ѕвездите веќе има најава за соработката.

Зад фотографиите се потпишува Тирон Лебон, а на секоја од нив е напишана и пораката на кампањата: I ______ in #mycalvins. Празното место во реченицата, секој од учесниците на свој начин го пополнува.

Инаку, интересно е што секоја од ѕвездите е облечена и во креација на Calvin Klein, со што ова е прв пат четирите бренда – Calvin Klein, Calvin Klein Collection, Calvin Klein Jeans и Calvin Klein Underwear да се презентираат заедно.

Погледнете дел од засега познатите фотографии. Комплетната кампања се очекува наскоро:

Објавено:
27 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
516 пати