Гучи, Фенди, Шанел – моќни костими во новиот спот на Бијонсе

8 февруари 2016

Иако има многу аспекти за кои може да се дискутира новиот спот на Бијонсе, со кој се врати по кратката пауза и ја најави својата нова светска турнеја, сепак она што на прв поглед го одзема вниманието е фантастичната костимографија.

Одличните аутфити потпишани од Гучи, Шанел, Фенди,  ја следат приказната на видео записот за „Formation" кој има гласна политичка порака.

Бијонсе која е и познат активист за правата на жените и Арфоамериканците, преку овој музички проект им оддаде почит на своите корени, на жртвите во ураганот во Њу Орлеанс, но и ги критикува сите аномалии во делувањето на политиката во современото американско општество.

Покрај целата „армија“ од жени што ја следи Бијонсе, во спотот се појавува и нејизната ќерка Блу Ајви.

Објавено:
8 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
742 пати