Меделин Стрјуарт е модел на годината

14 март 2016

Со преку 700.000 следбеници на социјалните медиуми, Австрајликата Меделин Стјуарт стана за многу кратко време препознатлив лик и во јавноста и во модната индустрија.

Меделин која е лице со Даунов Синдром, со голема желба и работа, успеа да го оствари својот сон – да стане модел и тоа познат. Уште еден успех во низата е и признанието од сајтот „Ворлд фешн медиа њуз“ (www.worldfashionmedianews.com) за модел на годината.

Таа се „впушти“ во модната индустрија пред девет месеци, појавувајќи се на модната недела во Њујорк. Тоа беше нејзино второ искуство на ваква платформа, а ова појавување беше проследено во повеќе од 200 новинарски приказни ширум светот.

Така, Меделин стана моделот од њујоршката модна недела за кој најмногу се зборува.

настапот на Меделин на NYFW

Минатиот октомври во Сан Франциско, Меделин исто така ја освои наградата „Модел на годината“, а беше номинирана и за „Австралијка на годината“ и „Гордос на Австралија“.

За време на овие месеци, таа оствари повеќе фото-сесии и модни ангажмани за различни брендови. Нејзини фотографии се појавија во бројни познати модни магазини, меѓу кои „Космополитен“, „Вог“, „Њујорк Тајмс“, „Ел“, „Мери Клер“, „Пипл магазин“, „Тајмс“ и многу други, а беше гостин и на „Си-Ен-Ен“,  „Еј-Би-Си“, „The  Today Show“...

Меделин веќе го озбезбеди своето учество на модната недела во Токио што ќе се одржи во септември, како и во Милано, во октомври. Меделин ќе зачекори и на модни настани во Хаваи, Јужна Африка, Уганда, Лондон, Канада, Аљаска, Берлин, Рио...

Во моментов има пауза од шест недели, по што следува снимање на телевизиско шоу во Хаваи и едиторијал за нова линија на облека во Берлин и Милано.

Последниот моден ангажман со кој 19-годишната Меделин предизвика големо внимание е невестинскиот едиторијал за познатиот бренд за венчаници во Северна Вирџинија „Rixey Manor“.

Објавено:
14 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.216 пати