Хеди Слиман си оди од „Сен Лоран“

1 април 2016

Модната куќа „Сен Лоран“ овие денови тотално доминира во медиумскиот простор. Откако ја претстави прес-есенската кампања и новите заштитни лица, овој пат од брендот пристигна веста за заминувањето на Хеди Слиман.

Како пренесуваат странските медиуми, дизајнерот го напушта местото на креативен директор откако неделава му истече официјалниот договор. Со тоа се потврдија и гласините што кружат речиси година дена.

-Она што „Ив Сен Лорен“ го постигна во изминативе четири години претставува уникатно поглавје во историјата на куќата. Многу сум му благодарен на Хеди Слиман и целиот тим што поставија пат што на куќата ѝ донесе успех и што ќе обезбеди долготрајност на брендот – изјави извршниот директор на „Керинг“, Франсоа-Анри Пино.

По повод заминувањето на Слиман, своја изјава даде и претсесдателката и директорка на „Ив Сен Лоран“, Франческа Белетини:

-Би сакала да му се заблагодарам на Хеди Слиман за неговата визија што ја преобрази и ѝ даде нов, исконски лик на куќата „Ив Сен Лоран“. Под негово креативно водство во изминативе четири години создаде неверојатна основа на која брендот ќе продолжи да го гради својот успех.

Донатела Версаче и Ентони Вакарело

За тоа каде Слиман ќе ја продолжи својата кариера понатаму, сè уште не е откриено, но гласините во модната индустрија велат дека тоа може да биде Ентони Вакарело, кој пак во моментов е креативен директор на сестринската линија на „Версаче“ – „Версус Версаче“.

Објавено:
1 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
84 пати