Флоренс Велш ги носи најубавите парчиња на „Гучи“

13 април 2016

Веќе ве известивме што подготви модната куќа Гучи за турнејата на уникатната Флоренс Велш од Florence + The Machine, а деновиве таа ги презентираше парчињата на начин на кој само таа знае.

Мини колекцијата што дизајнерот Алесандро Мишел ја подготви за пејачката се состои од уникатни и впечатливи парчиња што го отсликуваат нејзиниот силен карактер.

Нивната „врска“ започна уште во март кога пејачката и официјално стана негова муза. На големата турнеја што бендот ја започнува наскоро, Флоренс ќе блесне во парчињата на модната куќа што одлично се соединува со нејзината личност.

Дел од лимитираната колекција се лелеави долги бохо фустани, впечатливи јакни со многу детали, куси панталони со интересни и лесни блузички, а истите можеме да ги видиме на фотографиите што пејачката ги објави неодамна.

Со нејзиниот посебен стил и уникатно чувство за модни комбинации, Флоренс освои голем дел од светски познатите модни дизајнери, а за турнејата оправдано одбра еден од најталентираните во моментов и воопшто не погреши. 

Објавено:
13 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
544 пати