Не е тајна дека познатите личности некогаш претеруваат при стилизирањето на своите деца.

Светските медиуми не можеа да не ја забележат сличноста помеѓу розовиот изглед на ќерката на Канје и Ким, Норт Вест и Ријана.

Ријана на гостувањето на Good Morning America, носеше розови панталони, топ и крзно во истата нијанса.

Норт Вест пак, беше облечена во розово фустанче и исто такво крзно.

Не знаеме дали Ким се инспирирала од пејачката, па ја облекла ќерка си така, но во секој случај, ние мораме да прашаме, чие издание повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
15 април 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.434 пати