По Балман, Кензо ќе дизајнира за H & M

26 мај 2016

По неверојатното добрата и успешна соработка со модната куќа Балман, high street брендот H & M објави дека следниот тим кој ќе дизајнира колекција за нив се уникатните Кензо.

Со нивните живописни и секогаш колоритни принтови, можеме да очекуваме дека тоа ќе биде уште една одлична линија за која ќе има редици пред нивните продавници.

Креативните директори на модната куќа, Керол Лим и Умберто Леон ќе го внесат посебниот дух на Кензо при изработката на специјалните парчиња за жени и мажи, како и дополнителната линија на модни додатоци.

Колекцијата ќе биде достапна низ повеќе од 250 продавници на брендот од 3 - ти ноември 2016 година и секако онлајн.

„Едвај чекаме да ја споделиме со целиот свет колекцијата Kenzo x H & M и сета креативност, разиграност и љубовта кон модата што ние ја чувствуваме“, изјави Ен Софи Јохансон, креативен советник во H & M.

Директорите на модната куќа Кензо пак, посочија дека со оваа колекција сакаат да размислуваат глобално, да ги поместат границите и да ја пренесат новата енергија на Кензо на сите во светот.

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
263 пати