Габана и социјалните мрежи

31 мај 2016

Во последниве неколку дена, забавните рубрики во медиумите низ Балканот неуморно ја следат преписката помеѓу Стефано Габана и српската пејачка Јелена Карлеуша.

Откако тој ја обвини дека таа и нејзините ќерки носат копија на фустани на „Долче и Габана“, пејачката го демантираше тврдењето со тоа што сподели дел од разговорот помеѓу неа и популарниот дизајнер.

Во разговорот таа тврдеше дека фустанот е купен во нивната продавница и го замоли да го тргне коментарот, што и се случи.

Потоа се појавија нови информации, според кои Стефано тврди дека не знае за кого се работи.

Без разлика колку ваквата информација е небитна и сензационалистички направена, она што е фасцинантно е комуникацијата на дизајнерот на социјалните мрежи, а сѐ со цел промоција на брендот и секако себепромоција.

 

-Она што треба задолжително да го направите, е да оцените кој социјален медиум е најдобар за вас. Секогаш бидете доследни на својот бренд и уникатни во она што го правите и создадете нешто што сите ќе го препознаваат. Обидете се вашето лого и вашиот стил секаде да бидат исти за да можат луѓето веднаш да ве препознаат“, изјави Ребека Рој модната директорка на списанието Disorder и уредничката на The Untitled Magazine, на минатогодишното издание на Моден викенд Скопје, токму на тема модни брендови и социјални мрежи.

Она што Стефано го прави секако соодветствува на советите на Рој. Инстаграм е неговиот број еден медиум, таму е постојано активен и со препознавањето на креацијата од својата модна куќа, за која тврди дека е копија, автоматски укажува на репутацијата и квалитетот на брендот.

Ребека Рој

Во претставувањето што го имаше Рој за македонската публика, го сметна и фактот дека без разлика за каков бренд се работи, она што е од особена важност е брзината со која ги пласирате информацијата, како важен сегмент од маркетингот. А и Габана и Карлеуша во тоа се професионалци, имајќи предвид дека не само што прикажаа брзина, туку и достапност, транспарентност. 

Без разлика како ќе ја окарактеризирате ваквата вест и дали Стефано навистина им бил достапен на српските медиуми, она што несомнено е точно дека и двајцата направија одличен маркетинг за себе, односно за модната куќа. Армијата посетители на нивните профили и профилот на „Долче и Габана“ само се потврда за тоа, а Стефано Габана, кој чисто се сомневаме дека толку долго се заморувал со оваа „дискусија“, уште еднаш посочи на тоа дека се грижат за производите што ги пласира брендот.

Објавено:
31 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.775 пати