Првата кампања на Вилоу Смит за „Шанел“

28 јуни 2016

Модната куќа „Шанел“ вчера ја лансираше кампањата за новата колекција очила, а заштитно лице е младата Вилоу Смит.

Карл Лагерфелд успева да го одбере најдоброто од младата генерација. После Лили Роуз Деп, дизајнерот се одлучи за ќерката на актерот Вил Смит, бидејќи како вели „има одлична моќ за трансформација и е олицетворение на младите денес“.

Фотографиите се црно-бели. Вилоу позира со ремен околу вратот и очила за сонце и диоптрија, создавајќи кул изглед, но сепак со доза на бунтовност и драматичност.

„Таа е мултиталентиран уметник, писател-композитор-пејач и актерка. Вилоу Смит е олицетворение на духот на нејзината генерација. Нејзината младост и егенргија го шармираа Карл Лагерфелд, кој ѝ ја покани да биде дел од семејството на „Шанел“ музите“, се вели во соопштението на брендот за медиумите.

Инаку, на фотографиите од фото-сесијата таа носи модни додатоци од ready-to-wear колекцијата за есен-зима 2016/17, а покрај нив, кампањата вклучува и видео што имате можност да го погледнете во продолжение:

Објавено:
28 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
166 пати