Доколку имате двор и малку слободно време, тогаш ова е текст за вас. Ако веќе не знаете како да си ја разубавите околината, бидејќи пробавте сѐ, ви гарантираме дека ќе ги обожавате овие украси.
Обидете се да најдете некои интересни шолји за чај кои одамна не ги користите и во нив насадете некои мали, слатки цвеќиња кои ги обожавате.
Ова ќе биде супер проект за вас, бидејќи за многу кратко време ќе направите слатка мала градина на која сите ќе и се воодушевуваат.
На дното на шолјата обидете се да направите едно дупче за да може вишокот вода да излегува, а потоа ставете малку камења во истата.
Веднаш потоа, ставете ја земјата во која планирате да го насадите цвеќето и сосема на крајот, не заборавајте го одбраното цвеќе.
Ако сакате дополнително да ја украсите шолјата, ставете и некое украсно каменче одозгора или пак мали украсни печурки и бројни други додатоци кои ќе ви ја разубават декорацијата.
Ако не сте обожавател на ваквите мали украси, тогаш за вас имаме уште еден проект. Обновете ги саксиите во дворот со тоа што секоја од нив ќе ја обложите со коноп во различни нијанси и истите ќе изгледаат неверојатно шик и ретро.
За декорацијата да биде уште поинтересна, на мала плочка напишете за кое цвеќе станува збор и прикачете ја истата на саксијата. Доколку имате навика да одгледувате зачини во кујната, тогаш ова е совршениот начин за нивно освежување.
Ако ви се допадна ваквиот начин на украсување на саксиите, тогаш применете го и на оние што ги чувате дома, а бојата на конопот одберете ја во зависност од уредувањето.
Уживајте во прекрасниот попладневен проект!