Во моментов во тек е европската турнеја на планетарно популарната Бијонсе, а слободните денови таа ги искористи за уживање со нејзиното семејство. 

Заедно со сопругот Џеј Зи и малечката Блу Ајви таа ги посети Париз и Италија, односно езерото Комо за кое ќе каже дека е едно од нејзините омилени места. 

На фотографиите можеме да ги видиме Бијонсе и Блу облечени во слични парчиња од колекцијата на Гучи како се забавуваат на терасата од нивниот хотел во Париз. 

На друга фотографија можеме да ја видиме како ужива во прегратките на нејзиниот сопруг Џеј Зи облечена во тесен црвен фустан комбиниран со бело џемперче и стилски сандали со бисери. 

Пејачката изгледа подеднакво стилски и на патувањето во Италија за каде одбра неверојатна шик комбинација составена од лежерни панталони и кошулка со летен принт кои ги комбинираше со супер модни додатоци како Реј Бан очила за сонце, ѓердан, дијамантски прстени и прекрасни обетки. 

Малечката Блу Ајви на сите фотографии изгледаше подеднакво стилски како и нејзината мајка која за неа одбра слатки фустанчиња, неодоливи чевлички и панделки за во косата. 

Во галеријата погоре, погледнете како изгледа кога Бијонсе оди на одмор со семејството...

Објавено:
27 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.147 пати