Армани ќе дизајнира за Џоди Фостер

6 август 2013

69th Annual Golden Globe Awards - Arrivals

Џорџо Армани ќе ја облекува Џоди Фостер во нејзиниот нов филм „Elysuim“. Дизајнерот во соработка со Ејприл Фери, создаде серија на ултра-модерни, футуристички костими за актерката.

Покрај Фостер, во филмот ќе глуми и Мет Дејмон, а дејствието е сместено во 2154 година, период кога луѓето сакаат да избегаат од земјата и да одат во вселеата.

Армани објасни дека работењето на овој проект за него била вистинска привилегија.

„Она што ми претставуваше големо задоволство е што можев да создавам облека за мојата долгогодишна пријателка Џоди Фостер. Таа е една од моите омилени актерки. Се восхитувам на нејзината работа, талент и живот. Исто така, ме фасцинира начинот на кој таа остава лична трага врз светот во 2154 година, а воедно ги прави и моите дизајни безвременски“, изјави Армани.

Креаторот неодамна учествуваше и во изработката на костимите за филмот „Параноја“ со Гери Олдман и Харисон Форд.

Објавено:
6 август 2013
Категорија: 
Актуел