Бунди во различни бои, мрежести чорапи и фустанчиња во пепито дезен, се дел од понудата од есенската колекција на Манго со која овој октомври ќе ви биде див и еклектичен.
Овој шпански моден гигант продолжува со стратегијата на лансирање редовни месечни кампањи со кои ги открива последните трендови. Кампањата за октомври е снимена во Лос Анџелес, во фазон на авантуристичко патување низ пустината.
Во дизајнот на комбинациите се приметува влијанието на 80-те години на минатиот век, па најголем дел од комбинациите се во панк рок стил.
Доминантни се животинските и пепито принтовите, тесните панталони и мини здолништата во комбинација со предимензионираните капути, а едни од „must have" парчињата е и сомотното одело во комбинација со романтична блуза како контраст на рок имиџот на оваа кампања.