Маноло Бланик за првпат на Лондонската модна недела

8 август 2013

manolo

Маноло Бланик ќе учествува на Лондонската модна недела. Ова ќе биде воедно и деби на дизајнерот за обувки.

Според распоредот, шоуто на Бланик е закажано за 15.септември, истиот ден кога своите пролетно-летни колекции за наредната година ќе ги претстават и Мулбери, Лорен Скот, Џонатан Сандерс и Топшоп Јуник.

За сега не се познати други детали за шоуто.

„Секој сака да постигне нешто со доаѓањето во Лондон, бидејќи многу се разликува од Милано и Париз. Лондон е сега важен за сите интернационални купувачи. Овој град е иднината“, изјави претходно дизајнерот.

Инаку, Маноло Бланик во 2012 година ја доби британската модна награда за големи достигнувања.

Објавено:
8 август 2013
Категорија: 
Актуел