Локици и нивното проклетство

3 ноември 2016

Тито ги нарекувал „Локници", Здравко Чолиќ многу ќе и се налути на Локица Стефановиќ, а најконтроверзната работа е врзана за една од нејзините членки која ќе го убие поранешениот сопруг и неговата ќерка во центарот на Белград.

Локица Стефановиќ има 70 години. Дипломира архитектура, но целиот свој живот ќе го посвети на танцот, на модерниот балет. После усовршувањето во Њујорк ја формира танчерската група Локици и многу бргу стекнува слава и популарност во поранешна Југославија. Настапувале во телевизиското шоу 7+7, а беа и пратечка група на Здравко Чолиќ.

Локица нема никаков контакт со Здравко многу години. Ќе рече дека престанал со неа да зборува откако во едно интервју, (инаку документарец за Чолиќ) ќе изјави дека Здравко не е воопшто талентиран за играње.

„Сите во тој документарец раскажуваа како е пресладок, талентиран, јас само го кажав тоа што го имав како искуство со него преку пробите кои ги имавме во текот на подготовките за концерт и за разни телевизиски емисии, но со труд и работа некако се вклопи и тоа се виде на концертите. Веројатно со таа моја изјава сум го навредила и не зборуваме", вели таа.

Што се однесува до играњето за Маршалот ќе каже:

-Знаев дека сака стари хитови, па подготвив кореографија за „Истанбул". Игравме во долги фустани. Ние пет влеговме една по друга, јас одам накај Тито, а онаа негова пудлица лае по мене и сака да ме гризне. Се вкочанив од страв, сменив кореографија во истиот момент. После настапот јадевме џигерчиња што тој самиот ни ги подготви. На следниот негов роденден повторно не побара да му играме.

Локица поминува низ лична семејна драма. Прво умира нејзиниот сопруг на 48-годишна возраст, после две години и умираат и родителите. Но, таа никогаш не се предава на очајот, туку продолжува понатаму.
Најголемата конторверзност која е врзана за групата е приказната за Љиљана Митиќ која сите ја нарекувале Биба Риба. Таа ќе го убие својот поранешен сопруг и неговата 21 годишна ќерка пред белградскиот ресторан „Мадера", а потоа ќе се обиде да изврши самоубиство скокајќи од Бранковиот мост. Едвај ќе ја спасат, но после една недела и таа умира од хипотермија. Потекнувала од исклучително сиромашно семејство.

Љубица пак игра со Локици, но ги напушта кога ќе се омажи и ќе го роди синот Андреја кој пак од прекумерна доза на хероин починал во 2009 година. Ќе го обвинува својот поранешен сопруг постојано за смртта на нивниот син, а и 28 години по разводот ќе бара дел од неговиот имот.

Третата од нив, Гордана Вавиќ умира во 2007 година после долгата борба со рак. Имала само 52 години.
Инаку, дел од Локици била и Јелена Тинска, можеби една од првите старлети на овие простори.
.

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.138 пати