Се затвора и „Суно“

22 ноември 2016

Њујоршкиот бренд „Суно“ се затвора, стои во соопштението на брендот. Основачите Макс Остервајс и Ерин Бити изјавија дека пролетната колекција за 2017 и Ресорт за 2017 ќе бидат последните направени колекции.

Како пренесуваат странските медиуми, веста доаѓа по неможноста брендот да најде инвеститори, што ќе им помогнат за нивното работење и раст.

„После осум исклучителни години, одлучивме да го затвориме ова поглавје и последната ресорт колекција да биде и последното наше производство. Се поклонуваме на неверојатната поддршка што ја имавме од самиот момент кога одлучивме да го лансираме брендот. Ова беше бурно и прекрасно патување и би сакале да ја искажеме нашата најголема и најдлабока благодарност со дисте што беа дел од него сето ова време – изјави Остервајс за BoF.

Брендот, основан во 2008 година, го оствари своето деби на Њујоршката модна недела во 2011 година, а многу бргу потоа беше еден од финалистите на CFDA односно „Вог“ финалистите.

Во 2013 година дизајнерското дуо беше наградено со CFDA Swarovski Award и беше финалист на LVMH наградата за следната година.

За жал, и покрај перспективноста, оваа модна приказна се завршува, а се шпекулира дека Бити планира да основа сопствен бренд или да се приклучи кон некој друг њујоршки бренд.

Објавено:
22 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
218 пати