Што ќе носи Оливија Палермо следнава пролет?

18 јануари 2017

Додека ние се забавуваме со снегот, во модната индустрија сè пораспространети се пролетните кампањи. Последната што ни го привлече вниманието е онаа на Max&Co. со Оливија Палермо.

Брендот не можеше да одбере подобар лик за сезона пролет-лето 2017, особно имајќи предвид дека парчињата што оваа трендсетерка ги рекламира се едни од најпродаваните.

Од друга страна пак, тие имаат долгогодишна и успешна соработка, па и немаше потреба за експериментирање. За модната куќа, Оливија е совршената Max&Co. дама – елегантна, лежерна, средена, а сепак неоптоварена од трендовите.

Инаку, инспирацијата за новата колекција е црпена токму од лежерните силуети и естетиката на калифорнискиот стил, не само моден, туку и животен. Кошула-фустани, макси здолништа, плетенини, широки панталони и одела, се дел од парчињата што прават мост помеѓу боемскиот и елегантниот стил.

Боите се светли и потсетуваат на Калифорнија. Како изгледа крајниот резултат од оваа соработка, погледнете во продолжение:

Објавено:
18 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
980 пати