Лила Стојановска раскошна дама во венчаница од новата колекција на Елена Лука

18 март 2017

Во хотелот Александар Палас вечерва и официјално беше отворен традиционалниот Саем за венчавки каде како и секоја година, прекрасни познати дами продефилираа во венчаници од македонски дизајнери и брендови.

Присутните со насмевка ги пречекуваа шармантните дами во фоајето од хотелот каде се одржа и ревијата, по што сите се префрлија на штандовите на брендовите каде ќе можат да погледнат дел од нивните нови колекции и многу други работи за венчавки.

Вистинска дама во фантастична венчаница која и прилегаше и повеќе од добро, беше нашата позната водителка Лила Стојановска која носеше модел од новата колекција на модната куќа Елена Лука.

Таа предизвика воодушевување меѓу присутните со фасцинантниот изглед по кој е впрочем и позната и со неодоливиот модел венчаница која би ја посакала секоја девојка која допрва треба да го каже судбоносното „да“.

Прекрасната Лила носеше креација со сирена крој и длабоко деколте, но она што го привлече сето внимание беа дефинитивно рачно везените камења и интересниот заден дел кој и даваше еден посебен печат на целата венчаница.

Неодоливата креација беше надополнета со раскошна круна и бели рози како украси во косата на водителката кои дефинитивно одлично и прилегаа.

Сопственичката и менаџер на модната куќа, Елена Пандева вели дека вечерва во Александар Палас видовме еден навистина спектакуларен настан, а сигурна е и дека ова ќе биде уште еден многу продуктивен Саем на венчавки.

„Годинешниов Саем за венчавки започна со една навистина спектакуларна ревија на венчаници и свечени костуми за младоженци, па затоа морам да ги пофалам и организаторите, мислам дека сме неколку чекори напред. Сигурна сум дека и ова ќе биде уште еден многу продуктивен Саем за венчавки, а идните невести и младоженци на едно место ќе имаат можност да се запознаат со новите тенденции во однос на секој аспект на свадбената свеченост. Како домашен бренд, секогаш сме давале поддршка на овој настан и на мое големо задоволство мислам дека стигнавме до едно европско ниво. Годинава Елена Лука на Саемот ја презентира својата нова ексклузивна колекција венчаници која се состои од околу 50 различни типови на венчални фустани, со различни конструкции, изработени од висококвалитетни материјали, богата тантела, впечатливи детали рачно доработувани... Секоја венчаница има свој карактер и уникатна естетика, од венчаници со романтична, нежна линија до класични венчаници во „Пепелашка“ стил што подразбира една безвременска конструкција што навистина одговара на секој тип на девојка во однос на градбата на телото. Она што е карактеристично за нашите венчаници е навистина богатата рачна доработка и тоа што венчаниците носат една посебна, неповторлива убавина“, вели госпоѓата Пандева. 

Таа додава и дека никогаш не е тешко да се договорат со идните невести за нивната идеална венчаница, затоа што секоја од нив ги поссетува салоните на брендот наменски. 

„Тие сакаат да носат венчален фустан што е карактеристичен за естетиката на Елена Лука. Знаат дека ги следиме светските трендови, но го задржуваме она што е наш печат во изработката на моделите, она што значи карактер во дизајнот, а е соодветен на нашето македонско поднебје и за овој регион воопшто. Затоа имаме одлична комуникација со нашите невести и крајниот резултат, односно венчаницата е навистина раскошна. Инаку, оваа година за сите невести на овој Саем што ќе се одлучат Елена Лука за нив да ја креира совршената венчаница, следуваат ваучери во вредност од 6000 денари. Ќе има секако и други изненадувања и одредени попусти за нашите клиенти. Со задоволство ве поканувам на нашиот штанд“, додава таа за крај. 

Дека штандот на Елена Лука мора да се посети вели и Лила која ќе каже дека секоја невеста токму во Елена Лука ќе го најде својот идеален венчален фустан. 

„Јас во Елена Лука секогаш се чувствувам посебно, особено кога станува збор за нивна венчаница, бидејќи за среќа, не носам прв пат. Со секое ново облекување на фустан од Елена Лука јас се чувствувам посебно, а овој пат навистина најпосебно. Венчалниот фустан за мене е најважниот момент за една дама која решила да стапи во брак и да прави свадба. Ако си решил да правиш свадба, тогаш моето мислење е дека тој фустан треба да биде вистински фустан. Пред се, да биде онаков каков што ви одговара на телото, тоа е многу важно, бидејќи сите ние знаеме што добро ни стои. Тоа мора секогаш да го знаеме, бидејќи не можеме да облечеме нешто што некаде сме го виделе, а не ни стои. Поентата е да се облечеме во бело, во нешто убаво и раскошно и нека има се од кристали па до пердуви, како сака невестата. Инсистирам таа да го бира фустанот, да не остави на никој друг“, вели водителката.

Таа додава дека во Елена Лука девојките ќе најдат буквално се – од венчаници со долги ракави, па се до кратки модели со разни украси.

„Буквално секоја дама која решила да најде и да облече невестински фустан, ќе го најде во Елена Лука. Тие повеќе немаат потреба тоа да го бараат на друго место“, додава Лила.

Таа ќе каже и дека токму овој бренд прави секогаш да се чувствува своја и оригинална, без разлика за каков настан станува збор.

На ревијалниот дел од Саемот за венчавки се појавија и други познати дами кои блеснаа во венчаници од познати македонски брендови.

Дел од нив беа и Марјана Станојковска која се појави во венчаница од Marta Bridal, водителката Јована Стојменовиќ во креација на Антонија Ристовска, Рената Кралевска во Драма, Симона Станковска во модел од Пепика Ателје, актерот Зоран Љутков во модел на Тивес, пејачката Симона Поповска во MCouture, малата Симона Николовска во креација на Маја Десподовска, Сара Мејс во Бјанка, Јулијана во JZJ Couture, Љубица Јаневска во Биљана, Светлана Црнокрак во модел на Елизабет и Влатко Кузмановски во Signori.  

Саемот за венчавки официјално започна вечера и ќе трае до недела.

 

 

Објавено:
18 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
11.504 пати