Уште една среда е пред нас. Денеска сме расположени да носиме панталони, па нашиот предлог се едни бели летни, со сини цветови, што внесуваат веселост во комбинацијата.

Ги комбинираме со сина летна кошулка на патент. Чантата пак црвено-сина, а се одлучивме и балетанките да се во црвена боја.

На крајот во комбинацијата додаваме и очила за сонце. Вие земете си го и доброто расположение и нека оваа среда биде навистина среќна!

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
26 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
439 пати