Coco_pinkprincess гласи Инстаграмот на шестгодишната Коко од Јапонија, која ја следат преку 125.000 луѓе, меѓу кои и бројни модни инсајдери.
Таа освојува со своите урбани комбинации, од кои можат да учат и повозрасните. За нејзиниот стил и профил пишуваше американскиот „Вог“ уште минатата година.
„Комбинациите што ги носи се модно совршенство. Не изгледа стереотипно и има бутновнички пристап кон облеката“, се вели во текстот.
Како пренесува нејзината мајка Мисато, Коко уште од тригодишна возраст покажувала интерес за шопинг и модата.
„Таа ги одбираше работите што ќе ги носи“, потенцира мајка ѝ. Сепак, веруваме дека и Мисато има големо влијание врз комбинациите, а секако и стилот што ќе го изгради и како повозрасна.
Инаку, родителите на Коко поседуваат винтиџ продавница за облека и предмети во Токио, па оттаму и не изненадува љубовта кон модата.
И ако лани кога „Вог“ ја откри имаше 12.000 следбеници, денес таа бројка е повеќекратко поголема, а со оглед дека веста за ова девојченце стана вирална, бројката ќе е уште поголема.
Интересно ќе биде да се следи нејзиниот понатамошен развој и на стилот и на заинтересираноста во модната индустрија. Нема да се изненадиме доколку наскоро ја видиме и во некоја од кампањите на познатите брендови.
А дотогаш погледнете дел од нејзините Инстаграм објави и уверете се за што зборуваме: