Омилените парчиња од есенската колекција на Манго
•
3 август 2017
Есенската колекција на Манго, за која Марио Соренти снимаше едиторијал со светски познати имиња, меѓу кои и актерот Оливие Мартинез, ужива огромна популарност.
Парчињата застапени во колекцијата се идентификуваат со она што го диктира уличната мода, па можеби токму ова е одговорот за нејзината актуелност уште пред да започне новата сезона.
Ќе го забележите контрастот помеѓу женствените и сексапилни парчиња и оние предимензионирани, лежерни аутфити омилени во светот на уличната мода.
Актуелни остануваат макси капутите изработени од пријатни и меки материјали, со длабок V отвор, фустаните со карнери, костумите со кариран дезен, како и здолништата во бохо фазон.
Ги селектиравме нашите омилени парчиња од новата есен во Манго.
Фото: Манго