Модна недела во Сиднеј

23 август 2013

Најдобрите трендови за пролет-лето 2014 беа презентирани на модната недела која се одржа во Сиднеј Австралија. Африканскиот, егзотичен изглед со племенски мотиви, кој беше екстремно популарен изминатава летна сезона, ја задржува својата актуелност. Футуристичкиот изглед е оној кој привлече најголемо внимание, надополнет со графички отпечатоци и интересни дезени на романтичната тантела. За да освојувате наредното лето треба навистина да се потрудите, заклучија модните експерти. Галеријата ќе ви помогне полесно да воочите што ќе биде модерно и тренди за наредната жешка сезона, иако е рано, но вистинските модни трендсетерки секогаш треба да бидат чекор понапред од другите.

 

 

Објавено:
23 август 2013
Категорија: 
Колекции