Есен во вашиот дом – неколку корисни идеи за преуредување на ентериерот

3 октомври 2017

Мирис на топол чај со цимет и печена тиква и веќе го уживаме чувството на пријатна есен во нашиот дом. Но, ако сакате целиот амбиент во вашиот дом да го обоите во нијансите на есенската магија, тогаш ќе ви предложиме неколку инспиративни, а едноставни трикови.

Дрвени гранчиња и шишарки
Направете си декорации од дрвени гранчиња и шишарки. Обојте ги во бела боја или во сребрени нијанси и ставете ги во плетена корпа или стаклен сад.


Различни текстури
Одберете различни материјали и текстури во кои ќе ги облечете декоративните перници на вашата софа. Исто така не е на одмет секогаш при рака да имате меко и топло ќебенце за попладневна дремка.


Земјени тонови
Изберете украси во земјени нијанси, како на пример прекривка за креветот или чаршав за масата. Ако сте во план да ги бојадисувате ѕидовите, тогаш направете комбинација од неколку светли и една темна нијанса на бронзени и кафени тонови.


Свеќи и тиквички
Можеби првата асоцијација за есенска идила се тиквичките. Искористете ги како декоративни сегменти и комбинирајте ги со свеќи за комплетно романтичен амбиент.


Катче за читање
Одберете едно катче во вашиот дом кое ќе го наменете за читање. Воо бичаено есента и зимата поголем дел од времето поминуваме дома, а со тоа имаме и повеќе време за читање различна литература. Нека биде тоа најудобното место во башиот дом покрај домашната библиотека, со многу меки перници и една удобна фотелја.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
3 октомври 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.533 пати