Autumn Maple е бојата на есента 2017/18!

4 октомври 2017

Институтот „Пантон“ ги објави боите за актуелната сезона, ние ја пренесовме веста ТУКА, но од палетата посебно се издвои нијансата Autumn Maple.

Некои ја распознаваат како боја на јавор, тиква или есенски лисја. Всушност, сите се точни, бидејќи ова е најесенската нијанса во целата палета.

Ги опфаќа сите нијанси на портокалова од темнопортокалова до црвено-жолти. Топла е, па внесува топлина и во есенските стајлинзи. Одлично се комбинира со неутралните нијанси, како и златни и сини тонови.

Добредојдена е во комбинација со принт или имплементирана преку модните додатоци.

Ако имате некое парче во плакарот токму во ваква нијанса, а не знаете со што да го комбинираме, веруваме дека нашите предлози ќе ве инспирираат. 

Објавено:
4 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.480 пати