Со колекцијата со име „Brit Style“ која ги обединува најголемите британски дизајнерски имиња, ќе биде одбележана годишнината од Битлс хистеријата во Америка.
Луксузниот трговски центар Bloomingdale's планира да му одаде почит на британскиот бенд и неговото влијание на поп културата и модата во САД, но и светот воопшто. За таа цел ќе се состави посебна колекција од парчиња на најпопуларните британски дизајнери.
Во овој моден потфат ќе учестуваат Бурбери, Пол Смит, Александар Меквин, но и Тед Бејкер, Томас Пинк и Бен Шерман.
„Ова е во чест на 50 годишнината на Битлси во Америка, а и дел од широката програма која го слави британскиот стил воопшто“, изјави претставникот на куќата Bloomingdale's.
Како додаток на оваа колекција ќе биде претставена и документарната емисија „Talk is Chic“ со интрвјуа на Сер Пол Смит и креативниот директор на куќата Бурбери, Кристофер Бејли, кој ќе говори за влијанието на Битлси врз модата.