Оваа среда ја боиме во ледени нијанси, инспирирани од студеното време. Така, нашата денешна предлог-комбинација се состои од бела топла ролка, која ја комбинираме со широко здолниште.

Она што го прави ова парче интересно е што е создадено од различни ткаенини, односно употребена е пачворк техника, па со тоа е идеално за бројни комбинации.

На тоа додаваме капут во ледено сива нијанса, со крзнено парче кај крагната и црн ремен на половината. Кога се модните додатоци во прашање, комбинацијата ја завршуваме со црни високи чизми, на широка потпетица и крзнен детаљ, како и чанта во слична нијанса со капутот, и исто така крзнен детаљ.

Имајте топла и среќна среда!

Објавено:
28 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
974 пати