Бијонсе во златна креација во која едвај се снаоѓа

20 март 2018

Во Лос Анџелес вчера се одржа втората Wearable Art Gala, настан кој го организира мајката на Бијонсе Тина Ноулс. 

Тоа беше повод да ја видиме пејачката во ново гламурозно издание. На црвениот килим се појави во друштво на сопругот Џеј Зи и првата ќерка, Блу Ајви.

Изборот на облека беше впечатлив, па не изненадува фактот дека денеска сите светски медиуми одвоија простор да напишат по нешто за неа.

Бијонсе носеше златен фустан во сирена крој, со транспарентни делови. Но, највпечатлив момент беше всушност „сирена“ делот, односно опашката која беше волуменозна и долга. Токму од тие причини и не е практична за носење, па пејачката со себе имаше и помош, луѓе кои го држеа задниот дел од фустанот за Бијонсе да може да чекори.

Инаку, креацијата е дело на индиското дизајнерско дуо „Falguni and Shane Peacock“, кои изјавија дека за фустанот се инспирирале од нубијанска кралица на војната, а Бијонсе ја доживуваат токму така - како моќна и силна жена.

Во склад со стајлингот на мајка си и Блу Ајви носеше златна креација, изработена посебно за неа. 

Џеј Зи пак, носеше класичен костим, пришто на сакото се вметнати неколку апликации.

Во текот на вечерта, пејачката смени уште еден фустан, кој имаше полежерна нота, а сепак препознатлив индиски стил.

 

Објавено:
20 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
647 пати
Извор: 
DailyMail