Трудничкиот стил на Миранда Кер - младешки и тренди

29 март 2018

Моделот Миранда Кер е во последните денови од бременоста. Таа и нејзиниот сопруг, Еван Шпигел, основачот на „Снепчет" го очекуваат раѓањето на своето прво дете. Инаку, Миранда веќе има син, Флин Кристофер Блум, од бракот со Орландо Блум. 

Во изминативе девет месеци не се појавуваше премногу често во јавноста, но кога и да го стореше тоа, беше во одлична форма и изглед.

Не се збогуваше во тесните фустани, напротив, ги носеше често, гордо истакнувајќи ги сите облини. Нејзин чест избор беа и куси фустанчиња со принт. 

Неодамна беше „фатена“ во едно такво издание, што предизвика различни коментари. Носеше краток фустан со принт, тексасна јакна и патики, но многумина изреагираа дека фустанчето е премногу кусо за овој период од бременоста.

Сепак, ретко се случуваат критики на нејзиниот стил. Во текот на овие девет месеци, таа покажа дека може да се изгледа одлично и во релаксирани изданија, но и оние свечените. Многу од жените сè уште сакаат да го сокријат стомакот, во смисла да направат неговиот обем визуално да се намали, но на Запад тоа не е случај, особено не меѓу познатите, кои немаат никаков проблем - од Ким Кардашијан, преку Криси Тиген, до Миранда Кер...

Во продолжение погледнете ги трудничките комбинации на Миранда Кер кои се младешки и тренди. Како ви се допаѓа нејзиниот стил?

 

фото извор:instylemag.com.au; usmagazine.com;

Објавено:
29 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.329 пати