Нови начини како да носите ПАНК

4 септември 2013

Панкот царува  на модните писти за претстојната есен-зима 2013/14 година, но гледајќи од страна изгледа сосема поинаку од порано. Од карирани дезени, кожни здолништа, до патенти, гламурозни модни детали, многу живи бои, тренди принтови, по малку андрогеност и излитеност. Сето ова вака нафрлено и набројано звучи малку конфузно, затоа ви подготвивме мал водич низ кој ќе ве водиме и ќе ви ги објасниме новите начини за тоа како да го вметнете бунтовниот тренд во вашиот моден свет.

 

 

Каририраниот дезен веќе подолго време се класифицира како еден од водечките за оваа сезона, но и како водечки принт во рамките на панк стилот.

 

Алберта Ферети

 

 

 

Кара Делевињ

 

Друг начин во кој можете да го комбинирате каририраниот принт е андрогениот лежерен стил, како што тоа го прави светскиот модел Кара Делевињ, а кон неа се приклучува и лондонското девојче Клер Корел, која андрогените широки карирани панталони ги замени со модел со малку по прав крој и ја вметнува Шанел чантата со што добива една малку поелегантна варијанта.

 

Клер Корел

 

Оваа сезона имиџот на панк девојка можете да го задржите и доколку купите кожно здолниште, како што тоа го прави на пример Лаура Витмор. Здолништето треба да има асиметрична форма , да биде непорабено, а може да биде украсено со нитни или патенти.

 

Лаура Витмор

 

Мајли Сајрус е вистински пример за тоа како треба да се носи и комбинира панк стилот. Таа периодов особено го фаворизира овој тренд, не само на црвениот тепих, туку и во секојдневните медиумски и приватни појавувања. Од кожни здолништа, мрежести топови, па се до исплазени јазици.

 

Мајли Сајрус

 

Кожното здолниште беше задолжително парче облека кое се најде на модните писти за претстојната сезона, во колекциите на скоро сите дизајнери.  Здолништето е многу оригинално и уникатно парче, кое не мора да го комбинирате само во поелегантни варијанти туку и во поспортски комбинации како што е случајот со Ребека Кнокс, која на кожното здолниште му дава спортски дух, комбинирајќи го со сандали со полна пета и топ маичка.

 

Ребека Кнокс

 

Најголемата трансформација на панк трендот на модната сцена е неговото спојување со гранџ стилот. Сен Лоран го комбинираше со кожни класични чизми со рамен ѓон, транспарентен фустан со златни детали, масивен кариран џемпер и мрежести чорапи. Спојот на панкот со гранџот се слеа во нов термин: „grunk“.

 

Сен Лорен

 

Новиот лук-бук на Зара за претстојнава сезона „вришти“ во „grunk“стилот. Мрежести чорапи, цветни фустанчиња, широки карирани кошули, кожни клач-чанти со нитни и боцки, а исто такви чизми се добитната комбинација за оваа есен.

 

Зара лукбук

 

Изгледа дека ниту Донатела Версаче не успеа да му одолее на панк стилот, па освен што му го смени името во „Vunk“ го искористи како инспирација во креирање на новата линија. „Vunk“-от на Донатела всушност подразбира гламурозен изглед на класичен панк стил. Се мисли на мрсна и сјајна кожа, збогатена со патенти и синџири, комбинирани со долги карирани капути.

 

Донатела Версаче

 

„Бидете мудри и носете панк принтови“ е новото Версаче мото!!!

 

Москино

 

Панкот како централна тема за оваа студена сезона исто така се комбинира и со пастелни бои и животински принтови, како што можевме да забележиме на модната ревија на Москино. Неонски бои, шарени панталони и леопардов принт беа главните обележја на новата линија.

 

Сиена Милер

 

Се разбира дека ниту еден панк стил не би бил целосен без модни детали и додатоци. Боцки, нитни, прстени, венчиња, обетки, алки, сите во црна, сребрена, златна и бронзена варијанта. Најдобар пример за тоа дека цело е кога има се е неодамнешното појавување на Сиена Милер на Гала Мет манифестацијата.

 

 

Никол Ричи

 

И за крај, конечно, можеби и најпосакуваната комбинација. Асиметрично исечени рабови на кошула, црно бели чевли како оние на Мајкл Џексон, кожни панталони, минимална шминка, собрана коса. Никол Ричи во целост му припаѓа на андрогениот панк стил. Додадете малку повеќе бунтовни зачини во вашиот нов момчешко панк изглед.

 

Објавено:
4 септември 2013
Категорија: 
Тренд