Еден од најпознатите американски магазини, Њујорк тајмс објави специјален број посветен на љубовта во Њујорк.
Нивното ново издание со наслов „Love City“ има вкупно 24 насловни страници на кои можеме да видиме двојки како се бакнуваат.
Она што е особено интересно е што сите фотографии се направени на ист ден, а истите ги направи познатиот фотограф Рајан Мекгинли.
Магазинот објави кастинг на социјалните мрежи за да се пријавуваат вљубени двојки што ќе бидат фотографирани за насловната, а за само два дена примиле неколку илјади апликации.
Двојките се фотографирани низ различни места во Њујорк, за да се создаде контраст помеѓу тишината која се создава меѓу љубовниците и гласниот град што никогаш не спие.
„Кога ја одбиравме оваа тема, одлучивме да ја ограничиме временската рамка за најдобро да ја пренесеме магичната атмосфера на градот, која ја комбинира интимната комуникација на љубовниците и енергијата на бучната маса безбројни станари“, изјави главниот уредник на Њујорк Тајмс, Џејк Силверстајн.
Извор: Buro 24/7