H&M повторно нè почести со фантастична колекција фустанчиња

7 јули 2018

Без разлика дали сакате мини, миди или макси должина, во новата колекција на популарниот high street бренд H&M ќе најдете фустанчиња за сите вкусови.

Како и секогаш, тие се ултра женствени и лежерни, а можете да одберете од широката понуда парчиња кои се совршени за овој период од годината.

Шведскиот моден бренд знае колку жените сакаат да носат фустани, па токму поради тоа лансираше колекција полна различни крови, бои, принтови, точки и што уште не.

Во нивната нова колекција ќе најдете и парчиња со интересен принт како леопард и разни цветови, но и едноставни црни и еднобојни кои изгледаат фантастично.

Брендот секогаш знае да ги исполни желбите на сите жени, а ова лето дефинитивно има огромна понуда прекрасни парчиња од кои дури и најпребирливите можат да го најдат својот фаворит.

Извор и фото: Fashion.hr

Објавено:
7 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.757 пати