Новата понуда чевли од шведскиот high – street бренд, донесе вистинско разладување во овие вистински жешки денови!

Во нивната нова понуда ќе најдете голем број на модели за сите различни вкусови, почнувајќи од едноставни и рамни, па сѐ до шик чевли на висока потпетица.

И во нивната нова понуда, сместени се голем број на рамни чевли со шпиц во кои трендсетерките се вљубени веќе неколку сезони наназад. За сѐ да биде уште подобро, има и такви во сребрена боја!

Брендот не ги заборави ниту вљубеничките на високите потпетици, па така создаде и неколку модерни чифта чевли со реси во кафена и црна боја.

Од понудата, девојките можат да изберат чевли со дебела или тенка потпетица, со ремчиња или без, украсени со реси, едноставни или пак куси чизмички до глужд.

За сите оние што сепак преферираат спортски чевли, од брендот не заборавија да создадат и неколку чифта удобни патичиња, направени од шик материјал!

Објавено:
20 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.011 пати