Модна инспирација: Меланија Трамп во фустан што им прилега на сите жени

9 јули 2018

Меланија Трамп е инспирација на сите што преферираат елегантен стил на облекување. Нејзините појавувања секогаш се под будното око на јавноста. 

Некогаш е критикувана поради пораките што ги остава, но не недостасуваат ниту комплименти на изгледот на првата дама на САД.

Овој пат во друштво на сопругот, во Белата куќа се појави во летно и актуелно издание. Нејзиниот избор овој пат е кошула фустан од брендот „Ердем“, чија цена изнесува околу 1.600 долари. 

Кошула-фустан е парче што им прилега на жени со сите градби, па доколку не сте сигурни со што да се подновите летово, ова е парчето во кое вреди да се инвестира, бидејќи е совршен избор за бројни пригоди.

Конкретно, овој фустан што го носи Меланија од британскиот бренд е со принт со папагали, што го прави уште поинтересен, а комбинацијата на бои е свежа и интензивна, па дополнително е примамлив за око.

Таа го комбинира со портокалов кожен ремен и чевли во слична нијанса на Маноло Бланик.

Инаку, неодамна од Белата куќа соопштија дека Доналд и Меланија месецов ќе имаат четиридневна посета на Британија и 92-годишната кралица Елизабета Втора, посета што ќе побуди голем интерес кај јавноста од политички, но ништо помалку од моден аспект.

Објавено:
9 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.192 пати
Извор: 
Popsugar