Понеделник во сина кошулка и фармерки
•
17 септември 2018
Првиот ден од работната недела секогаш е тежок, па потребно е нешто што ќе ве развесели. Поради тоа, денеска носиме една супер лежерна и шармантна комбинација составена од неколку шик парчиња.
Широките фармерки со висок струк се едни од најпосакуваните оваа сезона, па денеска носиме едни такви и ги комбинираме со неодолива сина кошулка со карнери на ракавите и широка од половината надолу. Комбинацијата ја надополнуваме со едноставни чевли во крем нијанса, а останатите работи ги оставаме на вас.
Имајте прекрасен ден!