Модно жири: Најинтересното и најубавото од црвените килими

11 септември 2013

Тејлор Свифт константно не изненадува со својот перфектен изглед. Фустанот има актуелен крој, обувките се атрактивни но ненападни, а пак косата и дава посебен сензибилитет на нејзината убавина.

 

Фустанот од Валентино што Оливија Вајлд го носи на себе е добар избор, можеби поинаква боја на чевлите би допринела како освежување на стајлингот. Жолтата боја и кројот на фустанот си бараат аксесоар што ќе направи поинаква визуелизација.

Мила Кунис со фустанот од Burberry Prorsum изгледа божествено, а во исто време делува и заводнички, сепак направила огромен пропуст со салонките што не се вклопуваат со фустанот ниту со обетките.

Прекрасен фустан што го претставува вистинска дама меѓутоа на црвената боја и е потребна друга контра боја што Џулија Робертс морала да ја вментне и да ја има во предвид за изборот на обувките и чантата.

Единственот пропуст во целокупниот стајлинг на Скарлет Јохансон се обувките кои би требало да се во друг вид и друга боја, а за останантото како фустанот од Вивиен Ветвуд и огрлицата со камења нема простор за замерки.

Објавено:
11 септември 2013
Категорија: 
Сцена