Викендов конечно дојде онаа сезона кога секое попладне сакаме да го поминуваме стуткани во топло ќебе со шолја чај или нешто уште повкусно – топло чоколадо!
Вкусот на овој фантастичен пијалок во комбинација со добар филм и топол дом е нешто што секој си гo посакува, а ние имаме рецепт плус за топло чоколадо оваа сезона.
Доколку имате време, ова попладне пробајте го сето она што сега ќе ви го презентираме и уште утре ве чекаме со вашите искуства.
Потребно:
Три шолји млеко
Една шолја слатка павлака
Една шолја шеќер
¼ какао
Една лажичка ванила
Парчиња темно чоколадо
Малку сол
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки, освен ванилата и парчињата чоколадо. Смесата ставете ја да се вари на тивок оган со постојано мешање и бидете внимателни да не почне да врие. Кога целосно ќе се соедини, додајте ја ванилата и парчињата чоколадо и мешајте додека не стане мека.
Откако ќе го направите топлото чоколадо, послужете го со парчиња чоколадо, со бело манчмалоу, а ако сакате нешто повеќе, одозгора со лажичка истурете малку путер од кикирики за слатко – солен вкус.
Секогаш, во топлото чоколадо можете да додадете и цимет и да наросите малку црн бибер за егзотичен, остар вкус.