Крофните се дефинитивно еден од омилените десерти било кога измислени, а доколку од истите е можно да се направи торта, тогаш можеме да кажеме дека вљубениците во благо добија на лотарија.
За среќа, токму тортите од крофни се последен хит во светот на десертите и истите се ултра лесни за правење, а сосема очекувано, изгледаат неверојатно привлечно и вкусно.
Сè што треба да направите е да го пронајдете вашиот омилен рецепт за крофни, да ги направите, украсите и да ги поставите на подлога во вид на торта и да ги полиете со чоколадо или друг прелив.
Ова е совршен начин да ги израдувате вашите гости или пак да направите малку поинаква торта за роденденот или прославата што се ближи.
Оваа торта од крофни ќе биде вистинско освежување на било која забава, а верувајте дека ќе биде дефинитивно најфотографираниот дел од вечерта и сите ќе ве пофалат за тоа.
Во галеријата имате неколку фотографии за инспирација, а претстојниот викенд е совршено време да го соберете семејството и заедн да уживате во магијата на крофните.
Инфо и фото: Modamo.info