Вториот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце и чист воздух, па некако веднаш сме покреативни кога се во прашање комбинациите.

Денеска носиме впечатливи панталони во пепито дезен и ги комбинираме со едноставна, но безвременска бела кошула со интересен детаљ на јаката.

Целото внимание денеска е насочено кон розовата шармантна бундичка од еко крзно која совршено го разигрува целиот стајлинг.

Комбинацијата надополнете ја со црни чизмички на висока потпетица, црна чантичка и сребрен накит.

Уживајте во денот!

Фото: Pinterest

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
667 пати