Познатите девојки обожаваат машка мода

22 септември 2013

Прекрасните celebrity девојки како Кеси, Бијонсе и Ријана едноставно обожаваат машка мода. Популарните пејачки веќе некое време во своите модни комбинации воведуваат и парчиња од машките колекции на нивните омилени дизајнери.

Најчесто тие избираат маици, но не изостануваат ниту кусите панталони и јакните што овие девојки со неверојатна леснотија ги претвараат во исклучително женствени парчиња.

Овој тренд го усвои и прекрасната Кеси која на својот Инстаграм профил исто така многу често објавува фотографии од своите комбинации.

Девојката на раперот П. Диди пред неколку дена заблеска во црни хеланки и црна маичка што ги надополни со одлична шик јакна од колекцијата на Баленсијага пролет/лето 2013.

Целиот изглед таа го надополни со интересни очила со дебели рамки, златен накит и прекрасна Живанши чанта.

Машките колекции од познатите брендови и се омилени и на Ријана, која многу често знае да ги комбинира за секаков настан.

Објавено:
22 септември 2013
Категорија: 
Сцена