Во моментов таа е на европска турнеја, а се чини нејзиниот омилен Париз најмногу ја инспирира за секојдневни стилски комбинации.

Музичката дива Селин Дион е дефинитивно моден камелеон во Париз, каде престојува веќе неколку дена и каде постојано ја гледаме во храбри стајлинзи по кои стана позната последниве години.

За потребите на една фотосесија, таа во еден ден смени четири комбинации во кои го привлече вниманието на сите присутни. Првата се состоеше од комбинација од неколку карирани парчиња во разни бои, втората од раскошен цветен фустан во зелени нијанси комбиниран со високи латекс чизми, потоа светкаво фустанче со дизајнирани хулахопки и последно, милитари бундичка со рамни кожени чизми и стилска шапка.

Подеднакво впечатливи беа и сите нејзини останати комбинации, но се чини најмногу се издвои во стајлингот на Off White во кој нејзиниот стилист вметна колоритно боди, палто со ист дезен и сино – црни сандали на висока потпетица.

Неодамна, таа беше мета на критики кога многумина забележаа дека таа изгледа послабо од кога и да е, но во интервју за The Sun пејачката ќе каже:

„Сакам да се чувствувам силно, убаво, женствено и секси. Да бидам искрена, мислам дека сега го живеам најдобриот живот и сакам да го искористам максимално. Сè ми е ново. Живеам по втор пат, иако 50- тите беа супер за мене“, вели пејачката.

Во Париз таа е заедно со нејзиниот 18 – годишен син Рене Чарлс кој можеме да забележиме дека неодоливо потсетува на неа.

Инфо и фото: Daily Mail, Shutterstock, Fox News, 

Објавено:
1 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.373 пати