„Ако не сега, кога“? – вечната девиза на 70-годишниот модел Колин Хајдеман

19 август 2019

Таа е ултра успешен 60+ професионален модел, а девизата по која се води „Ако не сега, кога"? се покажа како мотив што ја донесе на врвот во модната индустрија и во третата доба од нејзиниот живот.

Германката Колин Хајдеман има 70 години, ја застапува познатата модна агенција „Next models" и е една од најбаранте моделки во модната индустрија, во време во кое сме презаситени од едноличност и клишеа.

Таа е пример за тоа како жената може да остане активна на секое поле, независно од годините, туку од духот, мотивацијата и желбата за личен раст и развој.

Внимава на своето здравје, на својот изглед и на менталната и духовната состојба, а сето тоа како целина ја прави привлечна за модниот свет.

А нејзинот профил на Инстаграм е олицетворение на динамиката на нејзинот професонален живот.
Ќе ја видите во различни изданија, од ексцентрични до женствени и елегантни, секогаш поткрепени со нејзината неодолива харизма и став: Ако не сега, кога?

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
19 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
659 пати