Петок во бел џинс + чизми + јакна со принт
•
29 ноември 2019
Добро утро! Петок е и има сонце, две супер причини расположението да ни биде на одлично. Денешната комбинација е урбана и истовремено е добра инспирација доколку планирате да излезете со пријателите.
Стајлингот е составен од бел џинс со широки ногавици со глужд, кој совршено се слага со високи чизми, а во конкретниот случај се бели и се вистински хит сезонава.
Искомбинирани се со црна ролка, од тканина која има малку сјај и потсетува на кожа. Комбинацијата е заокружена со јакна со животински принт и чанта во истиот стил.
Косата е лежерна и брановидна, а шминката природна.
Ви посакуваме убав старт на викендот!